На 23.01.2023 во Полициската станица Гази Баба, правен застапник на фирма од Скопје пријавил дека С.С. од Скопје – вработен во фирмата противправно присвоил 23.500 евра пари од фирмата.
Според пријавеното, на 17.01.2023 во Скопје сопственикот на фирмата му ги дал парите на С.С. за да ги однесе со возило и предаде на друг вработен, кој бил во Струмица.
Како што е пријавено, С.С. не ги предал парите и наредниот ден се јавил на сопственикот и рекол дека ги нема парите, по што одбивал секаков контакт.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Be the first to write a comment.