Во соседна Албанија активно се следат случувањата што следеа по ладнокрвното убиство на бизнисменот и кандидат за општински советник во градот Шенѓин во округот Лежа, на северозападот од земјата. Посебно сурово е видеото кое кружи на интернет од безбедносните камери на продавницата, а кое го „улови“ моментот на ладнокрвното убиство…
Бизнисменот Ардијан Николај, татко на четири деца беше убиен пред шест дена, во кафе барот што го поседувал, кога непознат маж облечен како „доставувач“ и со маска на лицето, ненадејно му пришол, извадил пиштол и пукал седум пати во Ардијан.
Целиот инцидент се одвивал за 13 секунди, додека партнерот на жртвата кој бил на местото на настанот, панично истрчал да се спаси од истрелите, додека по егзекуцијата, сторителот се качил на мотор и исчезнал на непозната локација. Николај, со истрели по главата и телото, веднаш е усмртен.
Εν ψυχρώ δολοφονία pic.twitter.com/UkxnBguqBG
— kakajason (@kakajason50) April 25, 2023
Секогаш се шеташе со телохранители – нешто се плашеше во последно време
Новинарот Артан Хоча, кој имал врски со жртвата, зборувал за неговото убиство, нагласувајќи дека Николај секогаш се движел со телохранители. Истовремено, тој призна дека се сретнал со него пред две недели и му признал дека ќе го поддржи кандидатот на Демократската партија на Албанија на претстојните локални избори.
– Зад себе остави четири деца. Тој беше важен фактор во Лежанскиот крај. Не можеше лесно да му се пријде, имаше бизнис и во Тирана. Последниот период забележав дека тој беше многу внимателен во движењета бидејќи беше вклучен во истрагата за контроверзија долга повеќе од 20 години. Секогаш беше придружуван од телохранители, рече меѓу другото новинарот
Политички ривалства, одмазди или деловни спорови?
Во меѓувреме, истрагата на властите во Албанија за откривање на дејствијата и мотивите кои довеле до егзекуцијата на Николај се во тек. Политичките разлики се сценарио, бидејќи во 2021 година бизнисменот беше кандидат за пратеник под знамето на Социјалдемократската партија. Од 2019 година е член на Советот на општина Лежа и повторно се кандидира за совет на претстојните избори на 14 мај.
Друго сценарио е она на крвна одмазда, бидејќи самиот Николај убил член на едно семејство во 2000 година и неговото убиство може да биде чин на одмазда. Истовремено се испитува и верзијата за деловни спорови и за таа цел полицијата собира податоци од минатото на бизнисменот за да има сеопфатна истрага.
Be the first to write a comment.