Меѓу 30 и 40 лица се повредени, од кои 10 потешко, во невремето што попладнево го зафати западниот германски град Падерборн, соопштија официјални лица, пренесе ДПА.
„За време на невремето проследено со грмотевици, торнадо денеска попладне имаше патека на уништуваше од запад кон исток, минувајќи низ центарот на Падерборн, во правец на источните делови на градот“, соопшти полицијата.
Официјалните лица проценуваат дека торнадото предизвика милионски штети. Во индустриска зона биле урнати покривите на магацините. Лимови, изолација и други материјали се расфрлани со километри наоколу градот, пренесува германската агенција.
Противпожарната бригада, исто така, извести за сомнително торнадо во Липштад, град на околу 35 километри од Падерборн, што предизвикало „сериозна штета“.
Guck ma! Das in meiner Heimatstadt Paderborn. Wie aus so nem Ami-Film. Noch nie so nen krassen Tornado in Deutschland gesehen pic.twitter.com/mz2tLb8t28
— ffm_confidential (@kaininho) May 20, 2022
Портпаролот на противпожарната служба изјави дека насекаде има уништени покриви и паднати дрвја.
#Paderborn #Unwetter
Kenne leider die Quelle nicht, wurde mir zugeschickt.
Angeblich bei Paderborn. pic.twitter.com/bmyd75cyiB— Marc C. Hübner (@5fach) May 20, 2022
Be the first to write a comment.