Полицијата трага по лице во близина на т.н. руски згради кај болницата „8 Септември“, дознава Канал 5. Канал 5 дознава дека полицијата трага по лице облечено во црвени панталони во близина на т.н. руски згради кај болницата „8 Септември“.
При бркотницата се слушнале истрели, а дел од жителите бегале во паника. Канал 5 го контактира МВР за повеќе информации за овој настан.
Од МВР велат дека полициски службеници спроведуваат акција за приведување на разбојник, кој според пријавеното, околу 21 часот извршил кривично дело разбојништво во маркет на ул. Драгиша Мишовиќ.
Be the first to write a comment.