„Во петокот од поштата ме повикаа да отидам затоа што некој ми пратил пари и треба да ги подигнам“.

Јас сум сиромашен и до сега често сум бил предмет на потсмев и јас и моето семејство.

Мислев дека е грешка, затоа што немам кој да ми прати пари, а како што кажав многу сум сиромашен, па искрено мислев дека некој пак ме зафркава.

Отидов како и да е, се надевав дека навистина ми стигнале пари. Кога стигнав на шалтерот ми рекоа дека имам писмо и 3000 долари, сепак не можев да поверувам. Го земав писмото да го прочитам и после само првата реченица што ја прочитав почнав да плачам.

Мојот другар од основно, МОЈОТ БРАТ… Тој сега живее во Америка и кога одевме на училиште беше мизерен како мене сега, секогаш му давав колку што можев, делев сендвичи со него на половина, пиев сокови од истото шише, бевме како браќа.

Пред 10 години замина во Америка, како што се вели, за подобар живот, изгледа му успеа. На крајот од писмото тој напиша:

„Брат, кога и да ти треба, само кажи ми, знам како ти е сега и знам каков човек си кога имаш. Фала му на Бога, сега имам доволно и сметај го како да имаш и ти. ТВОЈОТ БРАТ“

И сега не ми се верува дека после толку години се сети на мене и дека се сеќава на сите добри работи што сум ги направил за него. Се чини дека и во овие тешки, лоши времиња се исплати да се биде човек, кој би помислил…“