Талентираниот фудбалер со босанско потекло и потенцијален репрезентативец на оваа балканска земја, Мухарем Хусковиќ (19) пред неколку дена доживеа тешка сообраќајна несреќа. Судејќи по фотографиите кои ги објавија австриските медиуми, каде што настапува Хусковиќ, вистинско чудо е како големиот талент ја преживеал несреќата.

Како што откри неговиот тренер Манфред Шмид за австрискиот весник „Кроне“, напаѓачот на Австрија Виена претрпел „само“ кинење на задните десни вкрстени лигаменти. Операцијата поминала добро, а други скршеници нема.

Хусковиќ ќе остане на одделот за интензивна нега, а на неговите родители ќе им биде дозволено да го посетат синот. Неговата девојка Јара која го управувала автомобилот има сериозни повреди во пределот на градниот кош, но за среќа тие не се опасни по живот. Нивниот автомобил удрил во камион и веднаш почнал да гори, а возачите кои случајно се нашле таму им пружиле прва помош.

Според полицијата, повредените од несреќата спасувачите ги извлекле од возилото, а пожарот на автомобилот бил ставен под контрола со помош на противпожарен апарат, по што со спасувачки хеликоптер биле пренесени во болница.

За жал, кучето кое исто така било во запалениот автомобил не било спасено на време.

📸

📸

📸

📸

📸

Хусковиќ е еден од најталентираните европски напаѓачи и е стандарден член на првиот тим на Австрија Виена. Тој во неделата беше стрелец во победата во градското дерби над Рапид (2:1), а оваа сезона за Австрија Виена има одиграно вкупно 13 нетпревари.

Како 18-годишник, тој дебитираше за австриската репрезентација до 21 година и досега собра четири настапи. Хусковиќ е роден во Виена, но бидејќи неговите родители се од Чајнич и Брчко, па има право да настапи за босанската селекција. Порака и брзо закрепнување му посака и директорот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Звјездан Мисимовиќ.