Во БЕЛГРАД во акција на тамошната полиција се уапсени две сестри Х.В.(29) и Х.З.(24), под сомнение дека шверцувале и препродавале дрога.
Според српските медиуми, станува збор за две словенечки државјанки со потекло од Косово. Како што може да се види на видеото кое го објави српската полиција, тие се уапсени во – чорапи.
При преглед на автомобилот управуван од Х.В., а на совозачкото седиште била Х.З., полицијата во специјално направен бункер пронашла 48 пакетчиња марихуана за кои се сомневаат дека ги превезувале за понатамошна препродажба.
Запленети се вкупно околу 30 килограми марихуана. На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.
Be the first to write a comment.