По рочиштето, обвинителот од Улцињ и нареди на полицијата да ги уапси колегите Никола Бољевиќ и Драган Шќекиќ, кои наводно се извршители на инцидентот што се случи на 15 јануари на граничниот премин Сукобин – Муриќани, во кој беше малтретиран албански државјанин.

Оваа информација ја потврдија и од полициската управа.

„Службеници од Одделението за безбедност во Улцињ денеска по наредба на државен обвинител во Основното државно обвинителство Улцињ лишиле од слобода двајца службеници на Полициската управа поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба. Наведеното кривично дело полициските службеници го сториле на 15.01.2023 година на Здружениот граничен премин Сукобин – Муриќани со употреба на прекумерна сила при вршење службени овластувања спрема странски државјани“, се вели во соопштението на полицијата.

На социјалните мрежи се појавија видео снимки на кои се гледа дека на граничниот премин Сукобин – Муриќани, службеници на Граничната полиција на Црна Гора брутално малтретираат албански државјанин.

Старешините на Регионалниот граничен полициски центар „Југ“ земале изјави од службениците на тој граничен премин, а по завршувањето на службените дејствија ќе се знае какви санкции ќе бидат преземени против полициските службеници.

По тој повод, Управата на полицијата (УП) синоќа официјално соопшти дека е во тек постапката за утврдување одговорност на службениците на Управата за полиција, како и постапката пред Одделот за внатрешна контрола на полицијата.