На социјалните мрежи кружи видео од навидум обична анкета – репортерка интервјуира луѓе на улица каде ќе одат за празникот Први мај. Сепак, одговорот на една дама откри повеќе отколку што многумина очекуваа.

„Ако има лекари кои работат – да се искористи помалата гужва, тоа значи лекар, лабораторија, аптека… И да се осигурам дека имам лекови за празникот“, рекла госпоѓа.

И додека многу луѓе го поминаа денот со скара со пријателите, за кратко патување во некоја европска метропола, колкумина од нас го немаат тој луксуз и не ги гледаат празниците како можност за уживање? Колку луѓе има кои на ваквите денови гледаат само како можност да си ги обезбедат основните работи за егзистенција…

Затоа и не е чудно што многумина велат дека ова видео всушност ја открива суровата реалност во која живееме и дека е уште еден отрезнувачки потсетник за моментот во кој се наоѓаме.