Спасувачите во Индија сè уште трагаат по преживеани откако во неделата се урна висечки мост во западната индиска држава Гуџарат.
Бројот на жртвите се зголемува од час во час, а според последните информации загинале 133 лица, а повеќе од 70 се повредени.
Индиските медиуми дојдоа до видео на кое се гледа моментот кога паѓа мостот.Видеото го снимил еден од пешаците кој случајно се нашол на мостот во моментот на трагедијата.
Властите рекоа дека сè уште не знаат колку луѓе се водат за исчезнати.
Спасувачките тимови пловеа по реката со гумени чамци во текот на ноќта и утрото, надевајќи се дека ќе најдат повеќе преживеани.
Според проценките, во моментот на уривањето на мостот имало повеќе од 200 луѓе.
Мостот е стар повеќе од еден век и беше отворен минатата недела по реконструкцијата. Тоа е туристичка атракција, која секоја година ја посетуваат илјадници туристи.
Video of Morbi Bridge collapse, visuals caught on camera#MorbiBridgeCollapse #Gujarat | @snehamordani pic.twitter.com/LeY7KR18VR
— IndiaToday (@IndiaToday) October 31, 2022
Be the first to write a comment.