ВИЦ: СКОПСКИОТ ФРАЕР ЦВЕТКО И ДЕВОЈКАТА ОД ПРОВИНЦИЈА
Цветко бил скопски фраер и фатил некоја згодна риба од провинција. Излегле навечер по кафичите и ја частел пијачки. Го гледаат другарите и го прашуваат која му е рибата:
– Згодно маче а? Еве да се напиеме неколку пијачки и после идеме кај мене дома.
Прошетал така Цветко неколку кафичи, свртел скопска шема, се испофалил насекаде и на крај ја однел женската дома.
Кога влегле у спална:
– Ајде бе Цветко да те видам сега што мажиште си!
– Аааа, сега ја ќе си легнам, и онака сите знаат дека сум те легнал.
УШТЕ ЕДЕН ВИЦ ЗА ЦВЕТКО
Трпе му вели на Цветко:
– Цветко, дај ми 100 евра на заем, многу ми требаат.
Цветко одговара:
– Абе, може и да ти дадам, ама прати ја жена ти Трпана вечерва да спие кај мене.
На Трпе не му се сакало да ја праќа својата жена, ама многу му требале тие пари и и рекол на Трпана:
– Трпано, вечерва да одиш кај Цветко и добро да се претставиш зошто вети дека ќе ми даде 100 евра.
Оди Трпана вечерта кај Цветко. Ја поминува ноќта таму и утрото се враќа.
– Што се случи, добро ли се претстави? Ти даде ли 100 евра?!
Трпана одговара:
– Абе, тој рече дека и 200 си заслужил да ти даде, ама нeмал!
ШТО НЕ ЈА ЗЕДЕ И СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА ДА ТИ ЈА ПЛАТАМ?
Трпе му се жали на Цветко:
– Излегов со една на кафе и почна да нарачува: Кафе, Пица, Вино,Тирамису…
Па јаа прашав:
– Што не ја зеде и сметката за струја да ти ја платам?
Be the first to write a comment.