Том Сајзмор (61) почина ноќва во болница во Лос Анџелес, каде што беше сместен откако на 18 февруари беше пронајден во несвест во неговиот дом. Имаше аневризма во мозокот и беше во кома од која не се разбуди.
Неговиот агент ја потврди смртта за американските медиуми.
– Со голема тага морам да потврдам дека Томас Едвард Сајзмор (61) почина мирно во сон во Св. Joseph’s Hospital Burbank – изјави менаџерот Чарлс Лаго.
Братот на Сајзмор, Пол и синовите на Том, близнаците Џејден и Џегер, биле со него во моментот на неговата смрт.
– Тој беше поголем од животот и од мојата вечна инспирација – рекол братот Пол.
Сајзмор имаше повеќе од 230 улоги во кариерата, а најпознати му се во филмовите Родени убијци, Жештината, Спасување на војникот Рајан, Блек Хок Даун, Пир Харбор…
Тој, исто така, беше вознемирен од обвинувањата за сексуална злоупотреба, семејно насилство врз неговата партнерка Хајди Флеис во 2003 година и со години се бореше со зависноста од дрога.
Be the first to write a comment.