ЈСП Скопје испрати соопштение преку кое ги информира учениците од прва година средно образование кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз, дека билетите ќе ги добијат во матичните училишта.
„Учениците од повисоките одделенија, во случај да има потреба од нова електронска картичка „Скопска“ (поради изгубена картичка и слично), нова/дупликат можат да обезбедат во било кој центар за персонализација на ЈСП Скопје. Неопходно е да достават потврда од училиште и да платат еднократен надомест од 200 ден за изработка на картичката“, се вели во соопштението.
Средношколските билети важат за сите линии во период од 5 до 24 часот.
Be the first to write a comment.