Четиригодишно дете било примено во Ургентниот центар во Благоевград, a потоа транспортирано во болницата „Пирогов“ во Софија откако се здобило со тешки изгореници под засега неразјаснети околности, објави БНТ.
Детето има 80% изгореници по телото и е во исклучително тешка состојба. Како што пишуваа првично бугарските медиуми, информациите дека детето било запалено со бензин од сопствениот татко се невистинити и истите се демантирани. Ужасната несреќа се случила нешто пред 17 часот вчера.
Детето е донесено во болницата во 17 часот и 15 минути, изјави директорот на медицинската установа, д-р Валентин Димитров. Лекарите се борат за неговиот живот.
4-годишното дете има 80 отсто изгореници на телото. Ова го соопшти прес центарот на „Пирогов“. Тоа е во тешка состојба и ќе биде подложено на низа операции.
Инцидентот се случил за време на игра во дворот од куќата во која живее семејството, при што блеката на детето се запалила.
– Готвев за децата внатре, таткото беше на работа. Децата велат дека се запалиле тубите, изјави за БНТ мајката на повреденото дете.
– Собирале шишиња и запалиле најлони, додал таткото. Тој негираше дека е вклучен во инцидентот и потврди дека бил на работа.
Be the first to write a comment.