Воздухопловните сили на САД во Европа и Африка утре во 14.35 часот ќе извршат прелети над Скопје со два воени воздухоплови, бомбардери од типот „Б-52“.
Според Министерството за одбрана, прелетите на воените авиони, познати како „Летечки тврдини“, го демонстрираат силното сојузништво на земјава во НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област, вклучувајќи ја и Македонија.
„Со цел да ја прикажат посветеноста и гаранцијата на сигурноста кон балканските сојузници и партнери на НАТО, Воздухопловните сили на САД во текот на денот освен над македонското небо ќе извршат прелети и над Хрватска, Црна Гора и Албанија“, појаснуваат од МО.
Be the first to write a comment.