На автомобил со хрватски регистерски таблички се појави прилично јасна и необична порака која брзо стана вирална.

„Јави ми се, бремена сум“, пишува на листот што го оставила непозната жена под шофершајбната на автомобилот, а на пораката го оставила и бројот на мобилниот телефон.

Фотографијата е објавена на Фејсбук страницата „Сообраќајни згодни и незгоди“, а ја споделија и други медиуми.

„Паркирање со порака што не ја очекуваше“, напишаа администраторите на страницата покрај фотографијата.

Се разбира, коментарите брзо почнаа да се редат под фотографијата.

„Баш на Опел“, напиша еден. „Корисникот моментално е недостапен“, напиша друг.

„Бара татко или паркинг?“, „Класика за вас опелашите“ меѓу другото се вели во коментарите.