Во акцијата на белградската полиција и Вишото јавно обвинителство во Белград е уапсен Дамјан Шобиќ (39), водачот на навивачката група на Партизан Алкатраз.

Како што се дознава, кај него е пронајдено поголемо количество дрога, а во истата операција со лисици на рацете се врзани и неговиот помлад брат Мирослав (38), како и Марко М.(35).

– По тој повод запленети се килограм марихуана, околу 110 грама хероин и околу килограм смеса за зголемување на наркотичната дрога хероин, како и пари за кои постои сомневање дека потекнуваат од продажба на дрога. Вкупната вредност на запленетата дрога се проценува на околу 3.000.000 динари – соопшти вчера МВР.


Сите тројца, како што е познато, на рочиштето во Вишото јавно обвинителство се бранеа со молчење, по што им беше одредена мерка притвор.

За неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги се осомничени водачот на навивачите, кој досега неколку пати бил апсен, како и неговите соработници.


Да потсетиме, Шобиќ последен пат бил уапсен во јануари 2021 година, а при претрес на неговиот стан бил пронајден пиштол со 13 куршуми, додека во гаражата наводно биле откриени неколку автомобили, од кои едниот бил отпорен на куршуми, додека другиот, како објавија медиумите, биле блинкери.