Маж (38) од Босна и Херцеговина по семејна расправија во градот Оверпелт, во белгиската провинција Лимбург, ја убил сопругата и двете малолетни деца на возраст од три и една година и се самоубил, јавуваат медиумите.

Соседите слушнале галама од нивниот стан, по што еден од соседите влегол во станот и ги видел телата на жената и децата, а полицијата била алармирана.

Полицијата пристигнувајќи на местото на настанот сфатила дека сторителот побегнал и почнала потрага со хеликоптер и бројни патроли. По неполн половина час полицијата го пронашла мртов покрај автомобилот.

Медиумите јавуваат дека драмата се случила во станбена зграда со пет стана, каде што извесно време живеело ова семејство од Босна и Херцеговина. Никој не знае точно кога ги убил жената и децата, но очевидци велат дека полицијата пристигнала на местото во 17 часот и 45 минути.

„Точно е, покренавме истрага за оваа семејна драма, тоа е тројно убиство и самоубиство“, изјавила Дориен Вандерхајден, од јавното обвинителство, која додала дека јавното обвинителство нема да се огласува додека трае истрагата, пренесува босански Кликс.