Шокантна вест доаѓа од Мостар. Голема трагедија се случи утрово, откако се самоуби фудбалерот на Зрињски, Карим Газета (27). Швајцарскиот фудбалер кој летово пристигна во Зрињски извршил самоубиство, потврдија за порталот Klix.ba.

Оваа трагична вест ни ја потврди портпаролот на МВР ХНК Људевит Мариќ. Газета се самоубил скокајќи од осми кат на зграда во улицата „Кнез Вишеслав“. Утрово полициската управа Мостар изврши увид на местото на несреќата.

Станува збор за 27-годишен швајцарски фудбалер кој во јули пристигна во Мостар од Ксамакс, а неговото доаѓање во Босна и Херцеговина е негов прв странски ангажман бидејќи кариерата ја изгради исклучиво во Швајцарија.

Сезонава Газета одигра само еден натпревар за Зрињски во Премиер лигата, а потоа се соочи со повреда која го оддалечи во остатокот од полусезоната.

Швајцарецот во Босна и Херцеговина пристигна како големо засилување, но пристигна повреден, па на првиот настап чекаше до октомври. Тренерот на Зрињски Сергеј Јакировиќ истакна дека се работи за исклучително талентиран фудбалер, но штом се опорави од повредата доживеа нова и полусезоната за него заврши.

Карим Газета (27)

Повеќе информации за големата трагедија ќе бидат познати наскоро, а се очекува и реакција од клубот кој е актуелен шампион на Босна и Херцеговина.

Газета своевремено важеше за еден од најголемите таленти на швајцарскиот фудбал. Играше за сите млади селекции на Швајцарија.

Кариерата ја започна во Сервет, а играше и за Винтертур, Лозана и Ксамакс.