54-годишниот Вангелис Бурназис и неговиот 15-годишен син се две од жртвите на трагедијата во Темпи.

Станува збор за таткото и братот на младиот човек кој „пукна“ пред камерите по трагедијата во Лариса велејќи: „Брат ми имаше 15 години, дали го разбирате ова? Целиот живот го имаше пред себе. И никој не прави ништо за тоа“.

54-годишникот ја напуштил полицијата пред околу една година. Сакал да се одмори и да се посвети на воспитувањето на малолетниот син. Тие се враќале од патување во Атина, објавија грчките медиуми.

– На враќање, резервирал вагон со лежај со својот син. Неговите три деца беа целото негово богатство. Пред две години ја загуби сопругата од рак и тоа го чинеше многу, но успеа да застане на нозе заедно со своите деца, објавија медиумите.

Вангелис Бурназис служел во сообраќајната полиција Литис.

– Луѓето кои го познаваа зборуваат за примерен полицаец и достоен семеен човек. Тие најтопли зборови ја опишуваат борбата што ја водел покрај сопругата. Тие се восхитуваат колку е горд на своите деца и колку со љубов ги воспитувал, објави thestival.gr.

ОВА СЕ 5 ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПРИЧИНИ ЗА РАЗВОЈ НА КАРЦИНОМ