Според Нова.рс, осомничениот ученик (14) по пукотниците побегнал од местото, но полицијата набрзо го уапсила. Момчето ја застрелало поранешната наставничка по историја со пиштолот на неговиот татко и го убил чуварот. Починати се пет деца, а бројот на ранети се уште не е познат.
Четиринаесетгодишно момче пукало во училиштето во Врачар „Владислав Рибникар“ и убил шест лица, меѓу кои и деца и чувар. Како што неофицијално објавуваат српските медиуми, момчето упаднало на час по историја и почнало да пука во учениците.
Три деца се хоспитализирани на Детската универзитетска клиника на улица „Тришова“, две се стабилни, додека едно дете е во критична состојба.
Според неофицијални информации, повеќе од десет ранети деца се пренесени во Ургентниот центар. Првиот ранет бил чуварот, кој набргу по пукањето починал.
Според последните информации, загинале најмалку шест лица, меѓу кои 5 ученици и чуварот, јави Нова.рс.
„Нашиот омилен чувар Драган е убиен. Децата го сакаа“, изјавила потресената мајка на едно дете од училиштето за Нова.рс.
„Слушнав пукање, некои студенти веднаш излегоа во ходникот да видат што се случува. Отпрвин мислев дека нешто се слушна надвор. Сите почнаа да врескаат, настана општа паника, сите почнаа да трчаат, кога излегов го видов, дојде и впери пиштол во сите нас“, низ солзи раскажува за „Блиц“ еден од шокираните ученици.
Децата се во шок, цело време плачат, а родителите во паника си ги бараат децата, јавува српски Блиц.
„Ми го застрела пријателот кој седеше до чуварот, чуварот само лежеше неподвижен“, вели шокирана ученичка.
Осум екипи на итната помош во моментов се пред училиштето „Владислав Рибникар“ каде утрово се случи престрелката. Според Нова.рс, осомничениот ученик (14) по пукотниците побегнал од местото, но полицијата набрзо го уапсила.
Момчето ја застрелало поранешната наставничка по историја со пиштолот на неговиот татко, го убил чуварот, а бројот на ранети се уште не е познат.
Be the first to write a comment.