Починато момче и повредена девојка вчера биле најдени по пад од зграда во центарот на Скопје.

Момчето било без знаци на живот, а девојката е во критична состојба на КАРИЛ.

Од МВР за Канал 5 велат дека трагичниот случај се уште не го класифицира ниту како обид за двојно самоубиство, нити како убиство.

Појаснуваат дека дилемата треба да се расчисти, по подобрувањето на здравствената состојба на девојката за таа да каже што се случило.

Дел од медиумите објавија дека станува збор за двојка која била во врска, а оти девојката била од скопската населба Аеродором и пеела во познат скопски бенд.