Самоубиство во Основен Суд Штип. Според неофицијални информации, вработениот во чуварската служба, кој ноќеска бил ноќна смена со пиштол си го одзел животот на работното место, објави локалната телевизија М НЕТ.

Утринава настанот бил пријавен во полиција. Била повикана екипа за интервенција од ТППЕ Штип. Во моментот на лице место се полициски службеници од СВР Штип, а се чека и Јавен обвинител.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.