Џозеф Мерс Марли, внукот на Боб Марли, почина на 31-годишна возраст, пишува магазинот People. Неговиот портпарол ја потврди смртта.

Според радиото WZPP, Јозеф бил пронајден во неговиот автомобил, но официјалната причина за неговата смрт се уште не е објавена.

Џозеф е јамајканско-американски уметник. Од него се прости и премиерот на Јамајка.

– Нека најде вечен мир додека ние го оплакуваме неговото заминување – рече Ендрју Холнес.

Роден е во Јамајка во 1991 година, но на 11-годишна возраст се преселил во Мајами.

Тој беше во музичкиот свет од рана возраст. Џозеф ја објави првата песна во 2010 година, а целиот албум беше објавен во 2014 година. Минатата година го издаде својот втор и последен албум.

Додека ги промовираше песните, Џозеф зборуваше за својот дедо.

– Секогаш ги слушаме мислењата на луѓето за улогата што ја играше не само како член на семејството и татко, туку и во светот и влијанието што го имаше врз реге заедницата и културата – изјави своевремено Мерс.