По тешка битка со рак на лимфните жлезди почина популарниот 34-годишен актер Антонио Ибањез.

На јавноста ѝ беше познат по сериите La kue se avecin, El Ministerio del Tiempo и Aida. Во родната Шпанија беше еден од најангажираните актери на својата генерација, а заработуваше и како модел и сликар.

Информацијата за трагичната смрт е споделена на неговиот профил на „Инстаграм“. Објавата која е исклучително емотивна е всушност неговото последно обраќање до фановите.

„Се борев со сета сила, но не успеав да ја добијам оваа битка. Навистина сакав да живеам и да продолжам да создавам уметност. Дури и вака, ќе можете да ја видите, почувствувате и да ја допрете мојата најчиста енергија на сите мои слики. Таму ќе можете да се изгубите во мојата убава и чиста душа“, пишува во објавата.

Антонио е роден во Гранада во 1987 година. Дипломирал ликовна уметност. Актерска игра почнал да изучува во 2005 година кога станал член и на една танцова група.

Во 2011 година се преселил во Мадрид и оттогаш неговата филмска и телевизиска кариера е во нагорна линија. Пред седум години ја доби главната улога во филмот „Параноични девојки“.

📸

📸