Несреќата се случила околу 9 часот и 30 минути на железничко-патен премин во местото Болфан, на кој имало само знак за железнички премин, без рампа или светлосна сигнлизација.
Страотна несреќа се случи во северна Хрватска, каде утрово патнички воз налета на автомобил кој бил на пругата, а во ударот загинале 27-годишната Валентина, нејзиниот четиригодишен син и четиригодишната внука, додека 28-годишниот сопруг на загинатата жена е тешко повреден, јавуваат локалните медиуми.
Несреќата се случила околу 9 часот и 30 минути на железничко-патен премин во местото Болфан, на кој имало само знак за железнички премин, без рампа или светлосна сигнлизација. Патничкиот воз на релација Копривница-Вараждин со полна брзина удрил во автомобилот, кој од непознати причини бил застанат на пругата.
Загинатата жена била мајка на едно од двете деца кои страдале, додека другото било во роднинска врска со нив, објавија хрватските медиуми.
Be the first to write a comment.