Тензично помина ситуацијата е на граничниот премин „Деве Баир“, каде падна системот за контрола за влез во Македонија.

Бугарски државјани кои утрово тргнаа кон Скопје за да се поклонат на гробот на великанот Гоце Делчев, не можеа да влезат во државата, по што избија и тензии и кавги со граничните полицајци.

Најгласен е претседателот на бугарската фонцдација „Македонија“ Виктор Стојанов, кој објави видео од инцидентот. Во него се слушаат навреди кон македонската полиција, која смирено им вели да се повлечат.

– Си го продадовте името на Грција за 5 стотинки, се дереше еден од нив.

Хистеријата на Стојанов вечерва отиде толку далеку што на својот ФБ профил објави фотографија од македонскиот полицаец кој професионално си ја вршеше работата и притоа Стојанов напиша:

– Давам 200 евра за името и презимето на овој македонски полицаец.