Под урнатините во Малатија, Турција, пронајдено е безживотното тело на Ангел Пешевски, државјанин на БиХ, јавуваат босанските медиуми. Да потсетиме, по него се трагаше по земјотресот што во понеделникот ги погоди југот на Турција и северот на Сирија.
Информацијата за Klix.ba ја потврди Синиша Михаиловиќ, конзул на Босна и Херцеговина во Турција. Како што вели тој, компанијата во која работел прво го известила семејството на жртвата, а потоа и Амбасадата на БиХ во Анкара.
Пешевски не преживеал откако останал под урнатините на зграда во Малатија каде што се занимавал со бизнис.
Според последните информации, повеќе од 25.000 луѓе ги загубиле животите во земјотресот во двете земји. Во тек се големи спасувачки напори, во кои се вклучени тимови од голем број земји, вклучително и Босна и Херцеговина.
Be the first to write a comment.