Поминавме многу моменти заедно. Денови кога бевме сами или со уште неколкумина во малата секретарска канцеларија или во некое село. Беше ладно и време на страв кога тргнавме од нула за да ги менуваме работите и да ја враќаме довербата и градиме структура.
Одевме од село во село и ме запознаваше со сите што би можеле да ни се приклучат на нашата нова идеја и концепт. Успеавме да направиме организација и тим што е пример за другарство, грижа за секој, добри дела и голема љубов и локален патриотизам за развој и напредок како никогаш.
Педо работеше и живееше за оваа идеја со неговото ❤️ што денес за жал застана засекогаш.
Сите ние ќе го паметиме и ќе се навраќаме на моментите. Нека почива во спокој, нека му е светол патот и вечна славата!. напиша на Фејсбук министерот Љупќо Николовски.
– Нашиот драг пријател, другар и соборец, Предраг Стојановски, денес отпатува во вечноста. Педо беше посветен сопруг и татко, голем спортист, вљубеник во културата и староградската песна, праведен и посветен социјалдемократ, синоним за СДСМ во Крива Паланка.
Заедно водевме многу битки. Победувавме и се радувавме, губевме и тагувавме. За жал, денес Педо ја загуби последната, најважна битка.
СДСМ упатува најдлабоко сочувство до неговото семејство. Почивај во мир, другар Педо.
Be the first to write a comment.