Пејачката Тамара Тодевска по седум години брак реши да стави крај на љубовната приказна со кошаркарот Александар Димитровски- Мачка. Како што вели и самата, одлуката не ја донела преку ноќ, а сега призна дека долго време живеела во агонија.
– Во тој „кафез“ бев многу долго, живеев во агонија, се се вртеше во круг, па тие зборови излегоа од мене од некој гнев. Решив да го направам првиот чекор и да излезам од тој кафез и да им кажам на луѓето дека е лесно, ако навистина го сакате тоа. Ова е за сите што имале проблем со говорот на омраза, за сите кои некогаш биле разочарани, погрешно етикетирани, имале безизлезна ситуација – рече Тамара и се осврна на нејзиниот неодамнешен развод.
– Сè уште сум официјално во брак, но повеќе не живееме заедно. Во одлични односи сме, имаме две деца и подобро се сложуваме отколку кога бевме во брак. Одлично е што направивме еден за друг – истакна пејачката која по разделбата од сопругот имаше голема поддршка од семејството и пријателите.
– За се има излез, само треба да верувате. Не излегов сама од тоа, има пријатели, родители, психолози, не се срамам од тоа. Најважно е што излегов од тој кафез – заклучи Тамара.
Be the first to write a comment.