На 24 август во Мелбурн, Австралија, каде живееше, почина познатиот пејач од Охрид Фазли Луик.
Почнал да се занимава со музика во деведесеттите години од минатиот век. Негови песни се Стара тажна липа, Старо добро друштво, Не ме дочека, Се враќам граду мој посветена Охрид…
Фазли потекнува од музичка фамилија. Негов вујко беше Пепи Бафтироски, а познатиот песнописец Хилми Билбил братучед. Тој и му ја напишал неговата прва песна во Австралија Ако Лено не се вратиш.
Покрај музиката, хоби на Фазли Луик беше и театарот. Бил член на аматерската театарска група Бумеранг.
Be the first to write a comment.