Возач на камион М.К. (44) кој денеска околу 11.05 часот прегази девојче (6) под Панчевачкиот мост во белградската населба Карабурма, кое почина на лице место, е уапсен.

Во девојчето удрило камион на ПУК „Водовод и канализација“ денеска во утринските часови во Карабурма. Камионџијата во изминатите две години немал никакви сообраќајни прекршоци и бил негативен на алкотестот, пишува Блиц.

Даниела К., мајката на девојчето кое утрово загина во Карабурма кога на неа налета камион, низ солзи раскажала дека детето во кобниот момент отишло кај баба и, а за рака ја држел нејзиниот брат. Несреќната жена се уште не може да се вразуми поради трагедијата.

Мајката се онесвестила кога го видела своето дете како е прегазено од камион.

– Таа го фати за рака нејзиниот постар брат и тргнаа кон баба ѝ. Во еден момент таа се оттргна и тогаш слушнав удар. Излегов и го видов моето дете мртво, ги раскажува за Нова.рс тешките моменти Данијела К., мајката на девојчето.

Еден од роднините изјавил дека камионот свртел повеќе од потребното и додал дека возачот телефонирал во моментот когља го удрил детето.