Четворица луѓе го загубија животот вечерва во сообраќајна несреќа што се случила во Косово, на патот меѓу Урошевац (Феризај) и Штимље, јавуваат локалните медиуми.

Според косовските меидуми, тешко повредена е и млада жена родена 1996 година, која била бремена.

Полицискиот портпарол Канун Весели изјави дека во несреќата учествувале три возила.

„Регионалната полиција на Урошевац околу 19 часот и 15 минути добила информација дека на патот Урошевац-Штимље, на влезот во Штимље, се случила сообраќајна незгода во која учествувале три патнички возила – автомобили со локални регистарски таблички. Како последица на оваа незгода, загинаа четири лица“, изјави Весели.

Тој потврди дека екипи на итната помош се на местото и дека полицијата врши увид.