Предраг Поповиќ, српски свештеник ја предвидел трагедијата во Србија и двата масакри кои се случија, пишуваат српските медиуми. Во објава на Јутјуб, свештеникот го цитираше владиката Николај, кого СПЦ го одбележува на 3 мај, денот на масакрот во училиштето во Белград.
– Не е ова крај за нас луѓе… Ќе има непогоди, пазете се во мај 2023. Еве го пророштвото. Се ќе се случи. Сега имате за што да разговарате и да се надевате, па ќе видите што ќе се случи. Ова се некои работи, природни катастрофи и она за што нас не’ предупредува Бог.
Овие пророчки зборови ги кажа отец Предраг Поповиќ, свештеник на Српската православна црква, во својата проповед на 24 септември минатата година, пред повеќе од осум месеци.
И не само тоа: во таа прилика го цитираше Свети Николај Жички, кого СПЦ го слави на 3 мај, денот кога се случи страшниот масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.
Be the first to write a comment.