Се качил на горниот кат, му влегол дома низ незаклучената врата, го убил на спиење, ја заклучил вратата, па се спуштил дома и се самоубил. Крваво заврши долгогодишната нетрпеливост меѓу соседите во Демир Капија, кога 72годишниот Марко Костадинов го уби 34годишниот Бојан Младеновиќ, а потоа сам си пресуди.
Убиството и самоубиството се случи минатата ноќ, а телата на несреќните луѓе се пронајдени нешто пред 7 часот, секое во својот дом. Соседите раскажуваат дека откако било пронајдено телото на постариот, тие побарале полицијата да се качи кат погоре и да провери што е со помладиот. Полицајците ја скршиле вратата и имало што да видат, во својот кревет застрелан лежел Младеновиќ.
Сите во малата Демир Капија ги познавале и убиецот и убиениот, но малкумина сакаат да зборуваат за причините за оваа крвава трагедија. И двајцата ги познаваат како мирни луѓе, но велат дека убиецот и претходно се карал со друг сосед.
Од полицијата велат дека постариот неколупати го пријавувал помладиот за тропање, а последен пат тоа се случило во јануари годинава. Но, ТВ 24 од свои извори дознава дека сопругата на убиецот во полиција изјавила дека никогаш не слушнала тропање и му велела на сопругот дека само тој ги слуша тие звуци.
Соседите кои живеат во истата зграда велат дека не слушнале пукотници, но соседите кои живеат отспротива, околу 3 часот утрово слушнале два истрела.
Пиштолот со кој го уби Младеновиќ, а потоа и себе си, Костадинов го поседувал со дозвола Јавен обвинител изврши увид на местото на трагедијата, а телата се предадени на обдукција.
Be the first to write a comment.