Јелена Марјановиќ, пејачката на „Гранд“, беше убиена пред шест години, на 2 април 2016 година, на насипот Црвенка во Борча, а Зоран Марјановиќ пред три дена беше осуден на 40 години за убиство на сопругата.
Веднаш по откривањето на нејзиното тело на насипот кај Борча, на Фејсбук се појави видео од славата на Марјановиќ, кое е снимено само 4 месеци пред убиството.
На видеото кое го објавил нивниот кум, се гледа како пејачката ги послужува гостите додека кумата Вера и свекрвата играат. Сепак, еден детал од тоа видео особено го привлекува вниманието. Имено, додека служи, во еден момент на лицето на Јелена се гледа голема дамка налик на модринка.
Пејачката Нада Топчагиќ, која била на забавата на Марјановиќ и пеела, а на новинарско прашање дали ја видела таа модринка и како настанала, тогаш рече дека „најверојатно е од работа на славата“.
„Не, Зоран не ја тепаше. Јас бев на таа слава до крај и се беше најдобро. А што се однесува до Зоран, јас никогаш не сум забележала повишен тон. Доколку таа имаше некаков проблем, ќе ми кажеше. И таа не би го трпела тоа. Ја видов таа модринка, но не ми падна на памет, па беше голема слава тоа и имаше многу работа“, изјави тогаш пејачката за српски Курир.
Be the first to write a comment.