Моментот кога авионот од типот Антонов паѓа меѓу областите Палеохори и Антифилипи во Кавала е снимен на видео од куќа во областа. Како што ќе видите на видеото подолу, жителите на областа го снимиле моментот кога леталото паѓа во областа Кавала.
– Сè уште не знаеме што точно се случило. Цело време има експлозии. Луѓето не можат да се приближат поради постојаните експлозии. Не знаеме каков екипаж имал и што се случило со нив. Дали можеби успеале да скокнат со падобран или не. Но, генерално, во вакви случаи, тешко е некој да успее да се спаси, вели Христос Босботис, заменик-градоначалник на Пангаиос, за newsit.gr.
– Работите се уште се многу нејасни. Во целата несреќа, авионот за среќа падна во област со ниски посеви и од падот не беше предизвикан голем пожар и не е загрозена станбена површина. За среќа не падна во населено мести, додава господинот Босботис.
Погледнете го видеото од моментот кога авионот се урна во Кавала:
#Καβαλα
Σοκαριστικό απλά
Πτώση αεροσκάφους pic.twitter.com/f7iHZBPjIL— P. Sherman, Wallaby 42, Sydney (@PShermanWall) July 16, 2022
Be the first to write a comment.