Откако денес низ социјалните мрежи се шири недолично видео од матурант кој му покажува среден прст на полициски службеник, додека е качен на автомобил и игра на жива музика, од МВР велат дека веќе го утврдиле неговиот идентитет.
– За лицето кое недолично се однесува на јавно место, утврден е идентитетот и од страна на полициски службеници од ЕВР Карпош, ќе биде повикан во полициска станува Карпош и против него ќе се поднесат соодветни прекршочни пријави.
-Си мислиш за астронаут завршил, а тој едвај средно. Да сум му родител на детево, ќе му удрам една шлаканица за да го воспитам. Ова е жално, не се знае од која планина е симнат, се само дел од реакциите.
Be the first to write a comment.