Несреќите во кои учествуваат возови се најстрашниот тип на судир поради големата тежина на возовите и нивната неможност да застанат навреме. Воз „Brightline“ во Лантана, Флорида, со толкава брзина се судри со камион заглавен на шините, кој превезувал луксузни автомобили, што некои возила летнале во воздух.
За среќа нема повредени, иако материјалната штета е многу голема.
Сообраќајната несреќа се случи минатиот месец во Лантана. Камион кој превезувал неколку премиум автомобили и теренски возила се заглавил на подигнат премин, поради должината на приколката.
Набљудувачите, меѓу кои и корисникот на Јутјуб, го снимиле возот како се приближува со голема брзина, а иако пругата во тој дел била права и чиста, како што е случајот со слични инциденти, масивната композиција немала доволно време да застане.
Возот со голема сила удрил во приколката, лансирајќи го во воздух кабриолетот Audi S5 и разни други автомобили, а предизвикал оштетување на другите возила на камионот, вклучувајќи го и скапиот Range Rover Velar SV Autobiography.
На видеото можеме да видиме и Porsche Cayenne и BMW X5 кои за влакно го избегнаа судирот и за чудо не завршија на асфалтот туку останаа на приколката.
Во судирот е оштетена и локомотивата која поминала со скршени шофершајбни и деформиран браник. Судирите меѓу возовите на Brightline и други возила се вообичаени во Флорида и покрај тоа што премините се обележани.
Пред неколку месеци беше објавено видео на кое се гледа како воз удира во стара Хонда Сивик која е запрена на шините, додека возачот е тешко повреден и итно пренесен во болница.
Be the first to write a comment.