Денеска попладне на падините на вулканот Етна во Италија се урна канадер кој гаснеше голем пожар. Удрил во сртот на планината, паднал и експлодирал. Две лица загинаа.

Канадерот полетал од градот Ламезија во регионот на Калабрија, а потоа земал вода за гаснење во просторот пред населбата Џареа и продолжил да го гасне пожарот што се ширел во областа на планината Калсинере.

Експлозијата на канистер предизвика уште еден голем пожар. На местото на несреќата пристигнале спасувачи, полицајци и цивили. Соборениот авион е Canadair 28 кој бил дел од флотата Babcock Italia.

📸

📸

📸