Синот – работник го пријавил таткото – работодавач. Парите од К-15 му ги барал назад. Се работи за сопственик на штипска фабрика откри претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски.

-Минатата недела, синот го вратил регресот на неговиот татко и синот се охрабрува и пишува на нашата мејл адреса сснм.орг и вика јас бев тој, спремен сум да одам во полициска станица, ќе го повикаме. Да не ја кажувам фирмата. Таму ќе мора да интервенира Основното јавно обвинителство (ОЈО) бидејќи детето во овој мејл што го пишува е сериозно и тоа претставува документ кој детето ќе го потврди и со тешко срце вика, „јас бев тој што ги вратив парите“, вели Димовски.

К-15 мора да исплатат сите компаниите за сите свои вработените. Некои вработени веќе го добија регресот од своите работодавци, но тие се во многу помал број, а најзначајните исплати се очекуваат во деновите пред нас.

Доколку на пример работникот е пријавен на половина работно време (20 часа неделно), му следуваат најмалку 10 работни дена годишен одмор (член 48, став 4 од Законот за работни односи) и исплата на половина износ од утврдениот регрес.

Законот за работни односи предвидува право на регрес за годишен одмор за сите вработени кои имаат остварено најмалку 6 месеци непрекинат работен стаж во тековната година, без разлика дали вработениот е пријавен на неопределено, или определено време.

К-15 се исплаќа до крајот на годината, односно до 31.12, а неговиот минимален износ треба да изнесува најмалку 40% од просечната нето плата по вработен исплатена во последните три месеци. Годинава таа сума треба да биде 12.740 денари.

Kaзните за злоупотреба изнесуваат од 2.000 до 4.000 за компанијата, но и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице.