56-годишен сопственик на угостителски објект на скопската улица „Ленинова“ вчера бил нападнат од жена, која употребила и тврд предмет, соопшти полицијата. Нешто подоцна, 42-годишната М.И. од Скопје пријавила дека на работното место во угостителски објект на ул.„Аминта Трети” била физички нападната од сопственикот на објектот С.Т.(56) од Скопје.

„На 06.02.2023 во 19.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на улицата „Ленинова“, едно лице физички го нападнало сопственикот на објектот С.Т.(56) од Скопје, при што употребило и тврд предмет“, велат од МВР.

Во полицискиот билтен е забележано и дека:

„На 06.02.2023 во 22.00 часот во СВР Скопје, М.И.(42) од Скопје пријавила дека околу 19.25 часот на работното место во угостителски објект на ул.„Аминта Трети” била физички нападната од сопственикот на објектот С.Т.(56) од Скопје“.

Полицијата додава дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.