Овде немало леб, вели Миле Паника и решава да оди на друго место каде има леб. Камерата потоа снима сообраќајна табла која го покажува најблискиот пат до Западна Европа (виа Белград).
Не е прв пат генијалците од К-15 да бидат пред времето, но мислам дека е прв пат нашите “генијалци” од власта буквално да ископираат еден скеч.
Денеска нема леб во продавниците, буквално. Причината за тоа е глупава и е резултат на реакцијата од акцијата на капитализмот помешан со смеса од будалаштини и воено профитерство.
Во изминативе 30 и повеќе години властодршците приписно се помачија да не иселат од земјава, а сега очигледно дека се пуштени на најјако.
Тие што ќе останат, тука мислам на извршителите и членовите на судскиот совет секако дека нема многу да се бунат за името и за историјата.
Можеби и тоа е намерата?
ОВА СЕ 5 ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПРИЧИНИ ЗА РАЗВОЈ НА КАРЦИНОМ
Be the first to write a comment.