На настап на српската пејачка Тања Савиќ дошло до непријатна ситуација кога момче од публиката ѝ покажало среден прст, поради што таа веднаш побарала од обезбедувањето да го исфрли од дискотеката.
Како што раскажува Тања, не можела а да не реагира на некултурното однесување на момчето и дека подоцна бил исфрлен од клубот во кој таа пеела.
– На моите настапи сите шириме љубов. Сите покажуваат срца, а тој „штрчеше“. Тоа беше плевел, а плевелот мора да се исчисти. Знам само дека веднаш го избркаа.
Да потсетиме, Тања, всушност, веднаш пред сите побара да се исфрли тоа момче, кое во моментот беше во публиката, поради што публиката воодушевено почна да ѝ аплаудира.
– Исфрлете го ова момче веднаш! Покажа среден прст – рекла Тања на микрофонот.
„Браво Тања“, „така се прави“, „честитки“ се само дел од коментарите откако твитерџија го објави овој клип на оваа социјална мрежа.
to tanja izbacuj decu napolje tanja pic.twitter.com/fQD77EkUtA
— 𝗽𝗿𝗲𝘁𝗼𝗹𝗲𝗿𝗮𝗻𝘁𝗮𝗻 (@pretolerantan) September 11, 2022
Be the first to write a comment.