Бугарски возачи се расправаат и ги пцујат македонските полицајци и цариници на граничниот премин Деве Баир.
– Началникот да дојде, ние сме бугарски граѓани, а со тоа и европски, велат бугарските државјани.
Бугарите не дозволуваат да им биде извршена контрола на возилата. Бугарите со недолични зборови се караат со македонските полицајци на Деве Баир.
-Сакам да отидам на гробот на Гоце Делчев, а вие тука „цигани“ ми правите проблеми да влезам, вели еден од револтираните Бугари.
Друг им се заканува на македонските полицајци со зборовите:
– Сакате ли да ја избркам полицијата, да ја избркам полицијата.
На ова, македонскиот полицаец му порачува да не вика, на што Бугаринот одговара: „Ако не што ќе направиш“:
Be the first to write a comment.