Во центарот на Скопје во шпицот по работното време минувачите беа вознемирени и загрижени поради недоличното однесување на еден повозрасен човек.
Како што алармираат читатели на „Фактор“, кои впрочем испратија и фотографии од настанот кој ги вознемири минувачите и кој ги загрижи поради опасноста која ова лице ја создаваше во сообраќајот, како за себе, така и за останатите учесници.
– Забележав лице како лежи на афалтот, и сакав да пријдам како и многу други околу мене кои во тој момент се најдоа во околината со намера да помогнеме ако можеме и да повикаме брза помош. Сепак, како што ни кажаа другите граѓани кои беа собрани, чичкото не беше удрен од автомобил, туку самиот легнал да лежи на асфалтот, во плизина на тротоарот. Ова создаде голем метеж, многу коли се насобраа позади автомобилот кој застана, а некои вознемирени свиреа и бараа да се придвижи лентата – вели триесетгодишната скопјанка Теодора Р.
Таа за Фактор појаснува дека, најверојатно станувало збор за лице во алкохолизирана состојба, кој со помош на возачот на автомобилот и други лица успеал да стане и да се префрли на другата страна од улицата, по што повторно легнал во тревата.
– Навистина вознемирувачки изгледаше како лежи на асфалтот. Добро што не го удри колата, но можеше да се случи голема трагедија, не само за него и за возачот кој би можел да го прегази и тоа поради неговото невнимателно однесување – вели нашата соговорничка и додава дека сликата ги вознемирила сите минувачи.
Настанот се случил денеска после четири часот, токму кога почнува шпицот по работниот ден, во непосредна близина на дирекцијата на Управата за јавни приходи, или карши објектот на центарот „Даре Џамбаз“.
Be the first to write a comment.