Канје Вест во саботата вечерта уживаше во романтична вечера со сопругата Бјанка Ценсори во холивудскиот ресторан Cecconi.
Според Daily Mail, бујната русокоса ги покажала своите бујни гради во многу тесен спортски градник во беж боја. Познатиот рапер носеше и брановиден црн синтетички џемпер.
За потсетување, Бјанка е вработена во брендот Yeezy на Вест откако и се приклучи на компанијата во ноември 2020 година. Таа е наведена како шеф на архитектура, позиција која ја обезбеди откако наводно магистрирала дизајн на Универзитетот во Мелбурн во Австралија.
Според пријателите на младата убавица, Бјанка е елегантна и паметна девојка која сè уште била студентка кога Вест и ја понудил работата.
Be the first to write a comment.