











Хрватската докторка Мириам Бренчиќ (47) почина по неколкумесечна борба со последиците од сообраќајна несреќа, која, како што неофицијално дознаваат медиумите, ја доживеала во странство.
Утрото на 12 февруари Истра и Риека ги потресе веста дека по неколкумесечна борба со последиците од сообраќајна несреќа починала лекарката и физијатар д-р Мириам Бренчиќ (47), пишува Istarski.hr. Сообраќајната несреќа се случила во странство.






Иако прогнозите не беа добри, сите некако се надеваа дека исходот ќе биде позитивен, но за жал судбината сакаше поинаку.

Колегите ја паметат Мириам како исклучително позитивна, оптимистичка и комуникативна личност, секогаш подготвена да помогне. Бренчиќ зад себе ги остави ожалостените два сина, сопругот, родителите, сестрата, внуците и другите ужалени роднини.






Be the first to write a comment.