Според последните информации лекарите се борат за животот на Синиша Михајловиќ. Семејството е со легендарниот фудбалер кој е во многу тешка состојба. Миха се бори со леукемија, а неговата здравствена состојба нагло се влоши.

Семејството на Синиша Михајловиќ не се огласува, но да се надеваме дека со нивна поддршка, фудбалската легенда повторно ќе ги надмине сите предизвици и наскоро ќе му се врати на нормалниот живот.

Неговата сопруга Аријана никогаш не го испушта од очите и од прегратката, а на социјалните мрежи често му остава пораки кои откриваат многу за нивните силни емоции.

– Љубовта е нешто вечно, аспектот може да се промени, но не и суштината – напиша таа покрај заедничка фотографија.

Сите подеми и падови ги поминале заедно, секогаш успешно, бидејќи биле свесни дека после дождот секогаш доаѓа сонце:

„За убави зајдисонца неопходно е облачно небо. „Нема да се откажам од тебе, ти си мојата карпа“… Љубов која трае со децении. Семејството, најголемата поддршка. Ние веруваме во Миха, нема предавање.