Маријо Швигир, еден од најдобрите хрватски голмани на мал фудбал во историјата, ненадејно и трагично нè напушти, пренесува Спортске новости.
Швигир е роден на 23 септември 1974 година, неговото срце престанало да чука на само 48 години.
„Првпат бране кога имав 16 години за Сластичарна Шено, маалска екипа, игравме во сала III во Спортскиот центар, немав ни лична карта… тогаш ми кажа судијата Маријан Добровиќ , „Дете, тоа што го видов, ќе бидеш вистински голман“. На крајот се покажа дека бил во право…“, се присети Швигир во своето последно официјално интервју за Спортске новости.
Be the first to write a comment.